Коментари

Koлa ce зaби вo пиљapa, вoзaчoт два пати избeгa oд мecтoтo нa нecpeќaтa, сведочи Лазаров

Цела јавност е потресена по вчерашната трагедија во која девојка од Радовиш го загуби животот, откако беше прегазена на пешачки премин.

За една слична ситуација објаснува и доктор Ненад Лазаров, на која самиот тој бил сведок.

„Пред некои години сведочев на сообраќајка на Водњанска по која удрениот автомобил заврши буквално во пилјарата внатре низ излог.

Возачот кој ја предизвика несреќата, околу 20год. избега ама му падна табличката, среќа немаше никој повреден посериозно.

По 5 минути се враќа ликот со колата, како подзастанува ние помисливме дека се свестил што направи, а он со упалена кола на сред улица застана да си ја бара табличката (која ја имавме ние земено), не ја најде и без да погледне дали има повредени или било што, пак си избега.

После еден саат го донесе полиција на лице место, ја додека давам изјава на полиција ко сведок, таткото ми вика што се мешаш ти…

На суд не ме викна никој, со задоволство ќе одев, не сум ни помислил дека е можно да се избега два пати од лице место на иста несреќа“, стои во објавата.

На почеток