Свет

Германската министерка го обвини Путин за тероризирање на украинските цивили

Путин: Обидите на странските служби за дестабилизација на Русија мора да се потиснат

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин за насочен терор врз цивилното население и инфраструктурата во Украина. „Фактот дека овој терор против инфраструктурата продолжува и по зимата покажува дека рускиот претседател сака да ја уништи земјата, тој сака да ги уништи животите на луѓето овде“, рече Баербок по посетата на една од најголемите електрани во Украина.

Украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко ја информираше Баербок за состојбата на електраната, која минатиот месец беше цел на руски напад и беше уништена. Русија истрела 11 проектили кон електраната, од кои само шест беа соборени бидејќи, како што предупреди Галушченко, украинската воздушна одбрана нема соодветно оружје.

Тој ги информираше „меѓународните партнери дека на Украина и требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана за да ги заштити не само големите градови, туку и инфраструктурата“. Баербок изјави дека е потребна поголема меѓународна поддршка за противвоздушната одбрана на земјата како резултат на руската офанзива и дека ситуацијата во Украина повторно драматично ескалира со масовните руски воздушни напади врз цивилната инфраструктура.

На почеток