Македонија

Директорката на Токсикологија Иљази забранила вработените да комуницираат со новинари

Организациската директорка на Клиниката за Токсикологија, Бесија Иљази издала наредба со која им забранува на докторите, сестрите и болничарите на клиниката да даваат изјави на медиумите без нејзина согласност.

Наредбата е закачена на огласна табла и во неа пишува:

,,Организацискиот директор донесе наредба за забрана за неовластено присуство, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес конференции. Се забранува неовластено свикување на конференции за печатени и електронски средства за информирање, давање интервјуа и слично, со што би се нанело штета на интересите и на угледот на клиниката. Средби со новинари само со претходно известување до в.д. организацискиот директор. Непочитувањето на оваа наредба подлежи на санкции“.

Без да се објасни врз основа на кои законски решенија е донесена наредбата, таа доаѓа ден по одлуката на Бесија Иљази да им ги додели решенијата за работа на 18 работници кои имаа истечени договори на дело на Токсикологија и една недела откако министерот за здравство го разреши медицинскиот директор Данил Петровски кој користи годишен одмор.

Дали е ова законски ДСЗИ ќе проверува деновиве.

На почеток