Македонија

Ексдиректорката на Токсикологија Бесија Иљази оди на суд: Ја оштетила клиниката, исплаќала лица кои и немале договор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против поранешната организациска директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази од Тетово, за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетата, во својство на организациски директор на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија, ги пречекорила своите службени овластувања со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица. Постапувајќи спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси, Изборниот законик и Законот за здравствена заштита во мај годинава склучувала договори за дело со лицата за нивно работно ангажирање на Клиниката, по што ретроактивно издавала платни налози со кои им исплаќала месечен надомест за нивен претходен наводен работен ангажман.

На списокот додавала и лица со кои воопшто не бил склучен договор за дело и на кои исто така им се исплаќал надомест за наводно извршени работи. На овој начин буџетот на Клиниката бил оштетен за сума од 659.781 денар, а истовремено на ангажираните лица им била овозможена противправна имотна корист“, вели Обвинителството.

Categories

На почеток