Македонија

Биле надрогирани, имаат повреди во пределот на главите: Се освестиле четворицата малолетници на Токсикологија

Малолетниците кои вчера завршија на Клиниката за токсикологија не биле пијани, туку надрогирани. Станува збор за четири лица на возраст од 14 до 17 години, кои имале пореметена свест, но и низа повреди по телото кои не се посериозни.

Според последните информации од Клиниката, малолетниците ќе бидат задржани неколку денови на лекување. Сите се контактибилни иако повредите им се и во пределот на главата. Станува збор за две момчиња и две девојчиња.

Сите четири лица биле пронајдени откако во МВР било пријавено нарушување на јавен ред и мир. Тие се наоѓале во куќа на 40-годишен скопјанец.

Детали од МВР засега нема.

To Top