Македонија

Директорката на скандализираната Академија за судии и обвинители поднесе оставка

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска, денеска поднесе неотповиклива оставка до Управниот одбор (УО) на Академијата, објави СДК.

По стопирањето на тестовите за 130 места за последната, најголема генерација на Академијата, според Габер-Дамјановска остварено преку политичко влијание и со помош на контроверзна одлука на Управниот суд, таа смета дека повеќе нешто не ја врзува за функцијата директорка.

„Ќе нема тестирања, а јас ќе седам така? Сигурно дека нема“, рече таа за САКАМДАКАЖАМ.МК по информацијата од УО дека попладнево поднела неотповиклива оставка.

На почеток