Македонија

Дете има траги на насилство по телото, семејството тврди дека детето било тепано на педијатрија од медицинската сестра бидејќи мајката на детето не знаела македонски

“Пред малку дознав за еден монструозен случај”, вели министерот за здравство Арбен Таравари и додава:

“Тримесечно дете има траги на насилство по телото. Семејството тврди дека детето било тепано на педијатрија од медицинската сестра бидејќи мајката на детето не знаела македонски …

1. Доколку овој случај е вистина, оваа медицинска сестра веднаш ќе биде отпуштена и јас лично ќе се погрижам веднаш да биде упатена до правните органи

2. Каква и да е вистината, виновниците за овој грозен и болен чин ќе бидат пронајдени и казнети

3. Сега одам лично на местото на настанот за да се сретнам со семејството и персоналот!”.

To Top