Македонија

Вработени на Токсикологија: Самоволието на В.Д. организационата директорка продолжува со несмалено темпо

Продолжува незадоволството кај дел од вработените на Клиниката за токсикологија од В. д. организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази. Тие посочуваат: „И покрај сите укажувања од релевантните институции во државата, самоволието на В.Д. организационата директорка на УК токсикологија продолжува со несмалено темпо“.

Писмото ви го пренесуваме целосно:

1. Извршена е исплата на сите 18 лица за периодот 15 април – 15 мај 2024 година, иако во истиот период немаа валиден договор со Клиниката и не исполнуваа ниту една од своите работни задачи, а дел од нив се уште користат „годишни одмори“ иако користењето на платен годишен одмор е неспоиво со договор на дело.

2. Иако во горенаведениот период на Клиниката се уште имаше медицински директор. исплатата е извршена без негов потпис и одобрение.

3. Во текот на денешниот ден доставен е урнек за пополнување на барањата за годишни одмори за 2024 година, достапен исклучиво двојазично, со изразито лош и нелитературен македонски јазик, со што грубо се крши законот за примена на јазиците, според кој двојазични формулари се право на избор а не на наредба.

4. На распоредот за дежурства на медицински сестри, сите мед. сестри со договор на дело се ставени со работни задачи само во дневните смени, што е еклатантен доказ дека реално нема никаква потреба од истите, бидејќи работниот процес 24/7 се одвива и без нивното присуство.

5. Меѓу болничарите на кои им е продолжен договорот се наоѓа и човекот кој јавно призна дека сакал да фалсификува токсикплпшки резултат, а за своето „јуначко дело“ е награден и со годишен одмор, кој е неспоив со статусот договор на дело.

6. Со дезорганизацијата која ја направи организационата сиректорка половина месец, Клиниката ќе биде без болничар во ноќните часови, кога фреквенцијата е најголема.

Screenshot

Screenshot

Screenshot

На почеток