Македонија

Таравари по изјавата на Снопче: Треба почесто да се консултираме и синхронизираме со владините партнери

Според министерот за здравство, Арбен Таравари, реакцијата на пратеникот Халил Снопче во врска со законот за бранители била како што треба, но се надева дека владиното мнозинство ќе има координација за надминување на овој ситен проблем, за кој прстот го впери во СДСМ и ДУИ, за кои оцени дека се координирани да подметнуваат искри во владејачката коалиција.

„Односите помеѓу ‘Вреди’ и ВМРО-ДПМНЕ, можам да кажам дека се доста коректни. На ниво на претседатели на партии. Нормално, и ‘Вреди’ и ВМРО-ДПМНЕ имаат партиски структури. Можеби имало некаде и некое помало недоразбирање што не можам да кажам истото и за ЗНАМ и за ‘Вреди’. Меѓутоа, односите помеѓу партнерите во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, каде што се ‘Вреди’ и ЗНАМ се коректни и ние се обидувавме да бидеме што посинхронизирани овие сто дена, меѓутоа некаде имало недоразбирања, некаде имало испади кои не биле координирани како што треба, затоа треба време за да се синхронизираме тотално и комплетно и тоа да се види и кај граѓаните

Генерално, мислам дека кога нешто планираме да донесеме како Влада треба да бидеме синхронизирани и известени едни од други, така што и реакцијата на господинот Снопче беше во овој правец. Значи ние не сме известени, ние начелно сме против нешто да помине без да бидеме договорени меѓу нас. Реакцијата на Снопче беше како што треба и се надевам дека ќе имаме координација меѓу нас и ќе го поминеме и овој, да речам, ситен проблем што ДУИ се обидува заедно со СДСМ. Мислам дека се координирани да ставаат, да подметнуваат искри во функционирањето на коалицијата во владејачкото мнозинство.“, изјави министерот за здравство Таравари.

Ваквата преписка помеѓу Мицкоски и пратеникот Халил Снопче дојде откако, премиерот Мицкоски на новинарско прашање како ги прокоментира најавите на Снопче со евентуалното излегување на ВЛЕН од Владата одговори: „ Нека му е со среќа“.

На почеток