Магазин

Целиот Балкан тагува – македонските јавни личности преку емотивни пораки се збогуваа со Аки Ракимовски

Веста за смртта на пејачот Ахи Рахимовски ги најде затчени речиси сите јавните личности од регионот, но и од Македонија.

Перо Камиказа

Почивај во мир мајсторе за емоции. Само бог знае колку љубов имаше во секој тон,во секоја пауза Песните што ги отпеа,обележаа скоро пола век и еден куп генерации ги пееле ,и по тебе ќе ги пеат, додека има век. Ти благодарам за се што направи во музиката. Јас како пејач на “Toor “те познавав лично уште како третооделенец,и се надевам дека сега со Ани гитаристот ќе прајте бенд горе да ги веселите агелите. Нека ти е светол патот кон вечноста пријателе. Искрено и со жалење.

Авалон Продукција

Легендите не умираат, а Аки е легенда.

Каролина Гочева

Почивај во мир драг Аки

Калиопи

Аки мој… Не верувам… Не сакам да верувам….😞💔

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Петре Шилегов

Со Аки случајно се сретнавме летото 2018 година, веднаш после неговиот инфаркт. И тогаш разговаравме колку всушност малку успешни скопјани имаме низ светот. Во тој разговор, се роди идеата да Аки додека е жив пее за дочек на Нова Година во своето Скопје. И така всушност се договори Парни Ваљак да свири на пречекот на Новата 2018/2019 година. Прекрасен концерт, Аки во топ форма пееше во своето Скопје.
Патувај мајсторе ….

Игор Џамбазов

Со Аки сум се родил, со Аки ќе си умрам…

 

View this post on Instagram

Дац и Александар

Нашиот Аки го нема веќе..🖤
Но, затоа неговите безвременски песни ќе останат засекогаш. Слава му…

Гаро Тавитјан

Аки, почивај во мир кралу… Фала ти за пријателството, убавите моменти, легендарните песни и концерти… Вечна музика. Вечен си и ти. Rock royalty & Music History. Искрено сочуство до семејството и бендот.

На почеток