Македонија

ДИК прифати приговор на ,,Влен“ за избирачкото место во Желино

– Државната изборна комисија почна со разгледувањето на 27 приговори поднесени од политичките партии за парламентарните избори.

ДИК прифати еден приговор од „Влен“, а еден отфрли.

Приговорот на ,, Влен”, смета мнозинството во ДИК влијаел на сумирањето на резултатите. Во шестката ,, Влен” има 7 пратенички мандати а Коалицијата предводена од ДУИ 9.

Дитмире Шеху, потпретседателката на ДИК, предложена од ДУИ, на почетокот на седницата побара да бидат објавени записниците од гласањето на официјалната страница на Комисијата, но ваквото нејзино барање беше одбиено од членовите на Комисијата.

Таа ги повика и лицата кои работеле во архивата при поднесување на приговорите и бараше да кажат кој ги донел приговорите бидејќи, како што рече Шеху, овластениот претставник требало да го стори тоа. Останатите членови на ДИК и укажаа на Шеху дека е небитно кој ги донел овие приговори во архивата, бидејќи, како што посочија, сите биле потпишани од партијата.

За изборните резултати до ДИК се поднесени 27 приговори, девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица.

Социјалдемократите поднесоа пет приговори за избирачки места кои се дел од ИЕ 5.

ДИК денеска треба да одлучи по сите поднесени приговори.
Усвојувањето на одредени приговори би значело и повторно прегласување на одредени избирачки места што би можело да донесе промени во распоредот на мандатите во двете изборни единици. Доколку приговор биде отфрлен, подносителот има рок од 24 часа да поднесе тужба до Управниот суд, кој пак носи одлука за 48 часа, која е конечна.

На почеток