ЕУ: Несреќен настап на новата претседателка Сиљановска-Давкова
Брисел бара од Македонија почитување на Договорите со Грција и со Бугарија.
“Очекуваме и се радуваме на заедничка соработка со избраните претставници во Северна Македонија, и со новата влада и со претседателот, за да помогнеме земјата да напредува и да го испорача очекуваното што ЕУ го зададе во однос на пристапувањето на Северна Македонија”, изјави портпаролот на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика, Петер Стано за како што го нарече, несреќниот настап кога новата македонска претседателка, Гордана Силјановска Давкова, не го кажа уставното име на државата за време на церемонијата на давање заклетва како претседател на државата.
Тој потсети дека меѓународната заедница вчера имала изјава за несреќниот настап на новата претседателка која не го спомена уставното име на земјата при давањето заклетва.
„Го видовте твитот на претседателката Фон дер Лајен, ја видовте нашата вчерашна изјава за несреќниот настап на новата претседателка која не го спомена уставното име на земјата во давањето заклетва. Она што се очекува од Северна Македонија беше многу јасно наведено во последниот извештај за проширувањето во кој пишува дека во делот на регионалната соработка земјата одржала добри односи со другите држави од процесот на проширување и го продолжила учество во регионална иницијативи, постоечките билатерални договори треба, во добра волја, да се имплементираат од сите страни, вклучувајќи го и Преспанскиот договор склучен меѓу Северна Македонија и Грција и Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија, вклучувајќи ги и протоколите. Ова е очекувањето од ЕУ“, нагласи портпаролот Стано.