Македонија

Ќе се прегласува и во Охрид и Крушево, ДИК прифати приговор на ВМРО-ДПМНЕ

Државната изборна комисија на синоќешната седница го поништи гласањето на уште три избирачки места. Тоа се:избирачкото место 1272 во општина Охрид, и избирачките места 1194 и 1202, двете во Крушево, по поднесен групен приговор од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Според претседателот на ДИК, Александар Даштевски по извршеното пребројување за избирачкото место 1272 во Охрид, утврдено е дека записникот не е правилно пополнет, има и корекција во делот на гласачи внесени со рака.

Во Крушево, приговорите за двете избирачки места се усвоени поради несовпаѓање на бројките од записникот со оние од уредот за биометриска идентификација.

Претходно ДИК прифати еден приговор на коалицијата „Влен”, кој се однесува на гласањето на избирачкото место 2102 во Желино.

За изборните резултати до ДИК беа поднесени 27 приговори – девет од коалицијата „Вреди“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица, станува збор за групни приговори со опфатени повеќе избирачки места.

ДУИ, обинува дека македонските политички партии во координација со коалицијата „Влен” сакаат преку ДИК да ѝ одземат еден до два пратенички мандата.

На почеток