Актуелно

(Видео) Шокатна снимка од мртовечница во Русија

Руските социјални мрежи утрово ги потресе видео од тамошна мртовечница на кое непознат маж го тргна белиот чаршаф и стана од масата на која персоналот ги легнува телата на покојните.

За снимката засега се знае дека настала во Твер, град во западниот европски дел на Русија и дека оваа верзија на снимката ја објавил некој анонимен корисник, објави порталот „СамараОнлајн“.

Во овој момент не се знае дали се работи за навистина несреќен човек кој го грешка е прогласен за мртов или е во прашање морбиден вирален маркетинг или сцена поставена за промоција на некој хорор филм.

Во меѓувреме, додека снимката станува вирална и постојано ја копираат корисниците, порталот „360ТВ“ го контактирал Министерството за здравство на Тверската област од каде што не сакале да коментираат додека не се утврди за што точно станува збор.

Неофицијално се дознава дека министерството видеото го смета за лажно бидејќи постоела уште една снимка, но со друг потпис (во таа верзија на дното стои ГКБ-13).

На почеток