Актуелно

Секој ден без тебе е тажен – Тоше, Среќен роденден!

Тоше Проески е нашиот непребол. Македонија, Балканот и светот го помнат како голема музичка ѕвезда, човек со огромно срце за помош на секого. Денеска се навршуваат 41 години од раѓањето на македонската поп икона Тоше Проески.

Тоше ни остави вечни подароци од ноти кои никогаш нема да се заборават, ни подари љубов и не научи на убавината во секој ден и секој човек. Најсилната од сите пораки, тошевата песна, и денеска ги допре срцата на неговите блиски, неговите фанови.

Кариерата ја започна многу млад, а со мега популарност се стекна за само неколку години. Во краткиот период на слава тој ги полнеше сите регионални концертни сали, а во Македонија ќе биде единствениот кој неколку пати го наполни градскиот стадион во Скопје.

Додека беше жив родендените ги прославуваше со своите блиски пријатели и колеги, а често по прославите завршуваше и на насловните страници на магазините и весниците.

Таков беше и неговиот роденден кога доби и торта во форма на автомобил буба.

Тоше замина без да му се исполнат неговите најголеми желби според многумина тоа се, да стане светска ѕвезда и да оствари семејство.

Тој загина во сообраќајна несреќа на пат кон Хрватска на 16 октомври 2007 година на само 26 годишна возраст.

На почеток