Актуелно

Надал го наследи тронот на Новак Ѓоковиќ и стана нов шампион на Австралија опен

Рафаел Надал го наследи тронот на Новак Ѓоковиќ и стана нов шампион на Австралија опен. Шпанскиот тенисер во финалето беше подобар од Данил Медведев. Мечот траеше над пет часа и сигурно ќе остане запаметен како еден од најдобрите во историјата кои се одиграле на „Род Лејвер Арена“.

За шпанскиот ветеран ова е вкупно втора титула во Мелбурн, а прва по 2009 година. Медведев и лани загуби во големото финале на Австралија опен од Новак Ѓоковиќ во три сета. Русинот засега останува на една грен слем титула, освоена лани на Ју-Ес Опен.

На почеток