Актуелно

Поголема смртност донесе омикрон сојот, кој на антигените тестови дава лажно негативен резултат, вели бугарски виролог

Во Бугарија веќе има смртни случаи од сојот „Омикрон“ на коронавирусот, изјави за бугарската национална телевзија, тамошната доц. проф. Лубомира Гломб, раководителка на Одделот за вирусологија во Националниот центар за инфективни и паразитски болести (НЦИПД).

Вирологот додаде дека податоците за оваа варијанта на вирусот се оптимистички само во земјите со добра покриеност со вакцинација.

Таа го наведе примерот на Данска, која има 40.000 нови случаи на ден, но помалку од 20 смртни случаи.

Според доц.проф.Гломб, Омикрон не е позаразен, туку полесно го заобиколува имунитетот.

Оваа варијанта попрецизно се открива со ПЦР тестови, антигените даваат лажно негативен резултат во првите 1-2 дена од симптомите, рече вирологот.

Таа најави дека им верува на предвидувањата на математичарот проф. Николај Витанов дека за една недела врвот на петтиот бран на СОВИД-19 ќе дојде во Бугарија и тогаш бројот на заболени ќе почне да се намалува.

Не треба да се опуштиме, категорична е доц.Гломб.

На почеток