Беќаровски со предлог секој понеделник да има тестирање на сите наставници и ученици со симптоми

Од
Објавено на

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за Токсикологија на Фејсбук сподели неколку предлози околу тоа како од утре треба да се одвива второто полугодие од учебната година.
„Овие денови најактуелна тема е почетокот на второто полугодие во училиштата.
Ставовите варираат од комплетна либерализација со не носење на маска, до комплетна on line настава до создавање на поволни услови.
Аргументите на сите инволвирани и спротиставени страни звучат разумно и издржано.
Каде е тогаш излезот ???
Дали е можен разумен компромис и како би изгледал ???
Еве еден мој скромен обид за решение со кое делумно ќе бидат сите задоволени.
- Утре сите ученици кои сакаат да посетуваат настава во живо да се вратат во училишните клупи, а останатите (позитивните и тие кои се плашат од зараза) истата да ја следат on line, а да присуствуваат физички при тестирање и оценување.
- За сите наставници и ученици со симптоми да биде обезбедено тестирање секој понеделник, а сите позитивни наставници кои ќе бидат со општа добра здравствена состојба, да им се дозволи држење на наставата од домовите, без да им се одзема процентот за боледување, кој и не е така мал.
- Училниците да се проветруваат 5 минути по секој завршен час, а никако во текот на самиот час.
- Пред почеток на наставата, за време на големиот одмор и по часовите задолжителна дезинфекција на сите простории.
- Одлуката за носење маски на секое дете до 5 одделение да ја донесат неговите родители, со писмена изјава“, вели тој.
