(ВИДЕО) Пендаровски и Владата исвиркани пред гробот на Гоце Делчев
Денеска за време на церемонијата по повод 150-годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев се случи инцидент.
Насобраната толпа пред црквата „Св.Спас“ ја исвирка делегацијата предводена од претседателот Стево Пендаровски, а беа присутни и вицепремиерот Артан Груби, како и министерот Благој Бочварски.
„Не знам дали во формална смисла постои одлука за заедничко чествување бидејќи тоа би требало да биде една од надлежностите на историската комисија, меѓутоа не гледам проблем и да не е така. Ние и пред да постои историската комисија имавме заеднички чествувања на одредени настани и личности и без да има одлука на историската комисија сме правеле и во Бугарија и во Македонија на различни паметници. Не гледам проблем во тоа некој од нашите соседи да искажува пиетет кон еден од камен темелниците на нашата државност“, рече Пендаровски.