Македонка дисквалификувана од „Ѕвездите на Гранд“

Од
Објавено на

Атрактивната македонка, Валери Димовска нема да ја гледаме во третиот круг од натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“. Таа беше дисквалификувана од тековната сезона на ова натпреварување.
Валери за „nemazabranjenih.rs“ откри зошто е дисквалификувана.
– Бев болна кога се снимаше третиот круг и затоа ме дисквалификуваа бидејќи не можев да се појавам на снимањето – изјавила Валери која оваа сезона не може да продолжи да се натпреварува, но има намера повторно да учествува во ова шоу следната сезона.
„Ќе се пријавам повторно следната година“, ни рече Валери.
Инаку, ментор на оваа пејачка на натпреварот беше Џорџ Дејвид.
