(ВИДЕО) Прво нуркаше во Вардар за да ги плати сметките за струја, сега им порача: Рекетари едни!


Една од првите која реагираше на висината на јануарските сметки за струја е и актерката Весна Петрушевска, која на свој начин ги искритикува ЕВН. Таа по новото треба да даде цел минималец за една сметка за струја.
-Весна пред неколку години го искористи моментот кога нејзиниот автомобил пропадна во Вардар, па снимаше реклама за ЕВН.
Сега, во видеото на Фејсбук таа во свој стил рече:
-Слушам се зажлите на сметките за струја. Мене едната сметка ми е 14.000, а другата 18.000 денари. Знаете кога друг пат ќе одам да им ги вадам сметките од вода? Па кога ќе се фрлам јас во Вардар, па они нека ме вадат. Стварно се ненормални! Кога ќе ти стигне волкава сметка не знаеш дали да седнеш на столче, не можеш да го најдеш. Кога ќе го најдеш си викаш, мора да платиш. Рекетари едни, кажа таа.
