САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот, со што на Македонија ќе ѝ се дозволи да го добие заслуженото место во НАТО и во ЕУ, придонесувајќи за регионалната стабилност, безбедност и просперитет, соопшти американскиот Стејт департмент.
Со оглед на тоа што македонскиот парламент сега почнува да размислува за уставните измени, ги повикуваме водачите да се издигнат над партиските политики и да ја искористат оваа историска можност да обезбедат посветла иднина за земјата како полноправен учесник во западните институции, вели Стејт департментот во соопштението.
