Македонија

(ВИДЕО) Спасувачка акција во Галичник: Извлечен дедо Павле, затрупан од снегот

Месна заедница Галичник сака да изрази благодарност до директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, Министерство за внатрешни работи и САЕ Тигар, за организирана акција во која беше вклучен хеликоптер на МВР и припадници на специјалните единици со цел да се извлече дедо Павле, постојан жител на Галичник на лекување во Скопје.

„Во невозможност медицински екипи да пристигнат во Галичник поради големи снежни наноси, извлекувањето е направено со имобилизација и повлекување од воздух. Дедо Павле безбедно пристигна во Скопје, згрижен е во Болницата 8ми Септември и му посакуваме брзо закрепнување!“, информираа од МЗ Галичник.

На почеток