Македонија

Двасетгодишник ограбил осум ресторани и деловни објекти во Куманово

На 08.02.2022 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Д.(20) од Велес поради постоење основи на сомнение дека во текот на месец декември извршил 8 (осум) кражби во угостителски и деловни објекти во Куманово, при што одзел пари и други предмети. Тој ги признал извршените кривични дела и бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток