„Меморија“ најави концерт летово, по пет години пауза
Од
Објавено на
Култниот бенд ,,Меморија” ќе одржи концерт на 11-ти јуни на стадионот на АРМ. По пет години пауза, членовите на групата вчера ја одржале првата проба, а најавата за концертот ја објавија на својата официјална страница.
„Бидна и првата проба. Сите на куп,една фотка и после:СВИРКААА. Можам да ви кажам,дека не сме заборавиле многу после пет години несвирење. Меморија цела да е секој да ја знае. Се гледаме на 11 јуни на стадионот на АРМ„ напиша Перо Камиказа.