Актуелно

Лавче десет дена шета низ Црна Гора откако му избегало на сопственикот

Црногорската Агенција за заштита на животната средина денеска соопшти дека организира потрага по младенче од лав, кое наводно му побегнало на сопственикот во Будва кон крајот на јануари.

Во поканата испратена до граѓаните се наведува дека во среда во 11 часот пред седиштето на Агенцијата во Подгорица ќе се организира транспорт до Будва со цел да се пребара теренот и биолозите да го лоцираат и да го фатат младенчето од лав. Учеството во акцијата е на доброволна основа.

Како што се наведува, лавчето, доколку биде пронајдено, ќе биде сместено на привремено место пред да се најде трајно решение во едно од засолништата за лавови.

Кон крајот на јануари, црногорските медиуми објавија дека младенче од лав избегало од дворот на странски државјанин кој го чувал животното како домашно милениче.

Црногорската полиција тогаш соопшти дека работи „на утврдување на околностите како младенчето во сопственост на странски државјанин воопшто влегло во Црна Гора“.

Полицијата започна локална потрага, но безуспешно, пренесе Индекс.

На почеток