Свет

Кај нас за сите пратеници по 2.000 евра, но не и во Црна Гора: само 28 од 81 пратеник добиле волку пари

Црногорските пратеници фасцинирани што дел од нив ќе земаат над 2.000 евра плата, која во Македонија, пратениците ја добиваат секој месец, изминативе скоро две години.

Таму пратениците имаат драстично пониски плати од платите кои се исплаќаат на македонските пратеници. Сепак, за разлика од Македонија, во Црна Гора, нема сите пратеници да ја добиваат оваа плата, туку само дел.

Од 81 пратеник во Парламентот на Црна Гора, 28 пратеници во ноември добиле над 2.000 јавија црногорските медиуми.

Платите на пратениците во Црна Гора, се повисоки од 1 октомври, а со Предлог-измените на Законот за платите на вработените во јавниот сектор, предложен од Владата, се планира нивно зголемување во просек за околу 600 евра.

Претседателот на Собранието Андрија Мандиќ имал најголема заработка во ноември, 2.793 евра. Повеќе од 2.000 евра добил и потпретседателот на Собранието Никола Чамај 2.640 евра и други пратеници.

На почеток