Ердоган негативен по петдневна изолација поради Ковид
Од
Објавено на
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој од саботата е во изолација откако беше заразен со коронавирусот, денеска беше негативен на тестот за Ковид-19, изјави неговиот лекар Серкан Топалоглу, јави Анадолија.
Ердоган во саботата рече дека е позитивен на омикронската варијанта на корона вирусот, објави Ројтерс.
„ПЦР тестовите што ги направивме во последните два дена се негативни“, рече Топаглу, додавајќи: „Мислам дека претседателот ќе се врати на својата рутинска програма многу брзо, дури и утре“.