(ФОТО) Фатено лавчето по кое се трагаше во Црна Гора
Сите подгорички медиуми денеска објавија видео од заробено лавче во челичен кафез, кое го објави граѓанскиот активист Александар Драгичевиќ.
Лавот Симба на 21 јануари излегол од домот на странски државјанин кој живеел во Будва и дури денеска бил фатен и ставен на безбедно.
Симба е пронајден во куќа во селото кај Крапина, на тешко пристапен терен.
Во потрагата што започна вчера учествуваа околу 60 припадници на полицијата, пожарникари, граѓански активисти.
– Лавот е фатен и најважно е што е жив! Сакаме да им се заблагодариме на пожарникарите од Будва кои беа со нас на терен и го фатија лавот, како и на другите кои помогнаа и учествуваа во акцијата завршена на најдобар можен начин – соопштија претходно денеска од Агенцијата за заштита на животната средина на Црна Гора.
Инаку, оваа агенција не добила упатство за издавање дозвола за увоз на лав, што значи дека животното било незаконски увезено.
Црна Гора нема зоолошка градина или засолништа за егзотични диви животни.
– Лавот е фатен крајно исцрпен, слаб и ќе биде пренесен во зградата на Службата за заштита и спасување, а потоа во сместувањето во Подгорица, кое е обезбедено. Ова е прекрасна вест дека се заврши добро и за лавот и за луѓето кои беа вклучени во потрагата – изјави Александар Драгиќевиќ од Агенцијата за заштита на животната средина за подгоричка Побједа.