Актуелно

За Османи не е проблем Бугарите да се внесат во Уставот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи не гледа никаков проблем во внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

Вели дека имаат барања од хрватската заедница и црногорската заедница од претходно и сега последно барање од Бугарите во Македонија.

„Не знам зошто би имале двојни стандарди по однос на граѓаните со бугарска етничка определба, кои што јасно кажуваат дека имаат една мала малцинска заедница овде која што е различна од сите други етнички заедници, рече Османи во гостувањето на емисијата Топ тема.

На почеток