Актуелно

Минатата недела регистрирани 863 реинфекции со ковид

Тестирани се вкупно 23.396 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 11,2% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 6.119 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 29,2% во однос на минатата недела (n=8.638). Процентот на позитивност се движи од 16,7% до 31,1%, просечно 25,8%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.262; 53,3%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Неготино – 519,1/100.000, Скопје – 514,3/100.000 и Кавадарци – 507,4/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60г (n=1.482, 24,2%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=327; 5,3%).

Во однос на претходната недела, се забележи намалување на бројот на заболени кај сите
возрасни групи, со најзабележително намалување од 31,5% во возрасната група од 20-29 години и 31,2% кај лицата на возраст од 50-59 години.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 8.797 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 863 реинфекции, со намалување за 29,8% во однос на претходната недела.
Пријавени се 106 смртни случаи во 23 градови во текот на изминатата недела, за 27,9%
помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (41). Во однос на возраста, најголем број (n=101; 95,3%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (4) и 40-49 години (1).

На почеток