Актуелно

Украинскиот министер за одбрана: Москва се обидува да го оживее Советскиот Сојуз

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников ја обвини Москва дека се обидува да го оживее Советскиот Сојуз.

„Кремљ направи уште еден чекор кон заживување на Советскиот Сојуз. Со новиот Варшавски пакт и новиот Берлински ѕид. Единственото нешто што ги дели од ова е Украина и украинската армија“, напиша Резников.

„Нашиот избор е многу едноставен – да ја браниме нашата земја, нашиот дом, нашите роднини. Ништо не се смени за нас“, продолжи тој.

„Се соочуваме со тешки предизвици. Ќе има загуби. Ќе мора да доживееме болка, да го надминеме стравот и предавството. Но, победата не чека затоа што сме на своја земја и вистината е зад нас“.

Резников ја обвини Москва и за „криминално“ однесување и обид да го „држи слободниот свет во заложништво“.

На почеток