Ковачевски: Осуда за одлуката на Русија за признавањето на Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики“

Од
Објавено на

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски преку својот Твитер профил ја осуди одлуката на Руската Федерација да ги признае регионите Донецк и Луганск во Украина како „Народни Републики“.
Премиерот Ковачевски на социјалната мрежа напиша:
„Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики“.
Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015.
Заедно со НАТО сојузниците повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат.“
