Свет

Санкциите против Русија почнаа, а Германија му нанесе тежок удар на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот призна два одметнати проруски региони во источна Украина и ѝ нареди на руската војска веднаш да започне „мировна операција“. Западните земји прво се заканија со санкции, а набрзо презедоа акција.

Обединетото Кралство беше првата која започна пакет економски санкции против Русија. Осуда на одлуката на Путин стигна и од Италија и Турција, Украина ги повикува сојузниците да не се двоумат да воведат санкции, а самата вели дека размислува за прекин на дипломатските односи со Русија.

Сепак, најголемиот удар на Русија ќе и нанесе одлуката на германскиот канцелар Олаф Шолц да го стопира проектот за гасоводот Северен тек 2.

На почеток