Украина со итно барање до граѓаните: Напуштете ја Русија!
Од
Објавено на
Украинското Министерство за надворешни работи ги повика своите граѓани кои се во Русија веднаш да ја напуштат руската територија, јавуваат „Раша тудеј“ и „Франс прес“.
Министерството за надворешни работи на Украина ги советуваше граѓаните да се воздржат од посета на Руската Федерација од какви било можни причини.
„Оние кои моментално се наоѓаат во оваа земја треба веднаш да ја напуштат нејзината територија“, најави денеска советник од ова министерство, а пренесува Russia Today.
Во соопштението се вели дека оние украински граѓани кои ги игнорирале овие упатства подоцна ризикувале „значителни тешкотии“ во правото на заштита од Киев.