Свет

(ВИДЕО) Евакуирани жителите на зградата која ја погоди проектил

Украинската државна служба за итни случаи соопшти дека граната испукана од руските сили погодила станбена зграда во центарот на Киев.

Надворешните ѕидови на неколку ката се целосно кренати во воздух, a внатрешноста е поцрнета.

Зградата се уште гори утрово и има огромна штета – уништени се повеќе домови.

Не е познат бројот на жртвите. Пожарникари им помагаат на повредените.

Украинските власти објавија снимка на која, меѓу другото, се гледа моментот на ударот на проектилот.

На почеток