Коронавирус

Две години од првиот случај на ковид во Македонија

Две години откако во земјава беше регистриран првиот случај на Ковид-19.

 

Досега во земјата се направени вкупно 1.883.560 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 296.229, бројот на оздравени пациенти е 282.604, на починати е 8.981 а бројот на активни случаи изнесува 4.644.

 

Според последната ковид статистика направени се 2.669 тестови, а регистрирани се 517 нови случаи на КОВИД-19:

Од вкупниот број на позитивни (517), регистрирани се 72 реинфекции.

Регистриран сe 1.022 оздравени пациенти од.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица и сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (1), Струмица (1), Крушево (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 72г. до 79г. Лицата за починати се пријавени во период од 18.02. до 21.02.2022. Од починатите лица, 2 се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 13 лица се регистрирани коморбидитети.

На почеток