Свет

Украинскиот министер: Русија треба да биде целосно изолирана, нејзината економија уништена

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба повика на целосна изолација на Русија, а една од работите што ја бара од меѓународната заедница е ембарго за купување руска нафта.

„Киев, нашиот голем, мирен град, преживеа уште една ноќ на напади на руските копнени сили. Еден од проектилите погоди станбена зграда во Киев. Барам од светот: Русија да биде целосно изолирана, амбасадорите протерани, воведено ембарго за нафта, нејзината економија уништена. Стоп за руските воени злосторници“, напиша Кулеба на Твитер.

На почеток