Актуелно

(ВИДЕО) Рерпортер на Би-Би-Си се расплака сред јавување во живо

Клајв Мири, репортер на Би-Би-Си, синоќа известуваше од Киев. Тој бил пред манастирот Свети Михаил, додека околу него се слушале сирени.

На гледачите им порача дека „се водат жестоки битки“. Потоа му се јави на колегата, и почна да плаче. Видеото набрзо се прошири на социјалните мрежи.

„Бесмислена војна плаче дури и искусен воен репортер“, „Ова е необично“, „Изгледа многу загрижен“, „Се надевам дека е добро“, „Дали навистина плачеше?“ се само дел од коментарите на Твитер.

Потсетуваме дека денеска е трет ден од руската инвазија на Украина.

Руската армија го стега обрачот околу Киев. Во текот на утрото влегле во приградските населби. Расте бројот на загинати.

To Top