Свет

Холандија и Чешка испраќаат воена помош за Украина

Холандија и Чешка ќе испратат помош за Украина во оружје и муниција, соопштија владите на двете земји.

Холандија во најкраток можен рок ќе испрати 200 противвоздушни ракети во Украина, а поради влошената безбедносна ситуација ќе го премести својот персонал во амбасадата во Лавов преку границата до полскиот град Јарослав.

На барање на Киев, Холандија ќе испрати ракети од типот Стингер.

Чешката влада во саботата одобри испраќање оружје и муниција во Украина во вредност од 8,57 милиони евра. Според Министерството за одбрана, ова вклучува митралези, автомати и друго лесно оружје.

„Ова не е крајот на нашата помош“, објави чешкото Министерство за одбрана на Твитер.

На почеток