Свет

Станбената зграда во Киев ја погодија Украинци, а не ние, тврди Русија

Руското Министерство за одбрана ги демантираше информациите дека една од нивните ракети погодила станбена зграда во Киев, тврдејќи дека штетата била предизвикана од украинска противвоздушна ракета, објавија руските државни новински агенции, повикувајќи се на извор во министерството.

„Рускиот ракетен напад врз станбена зграда на авенијата Лобановски во Киев не е вистина“, изјави извор од Министерството за одбрана, пренесува ТАСС и РИА Новости.

„Природата на оштетувањето на зградата укажува дека била погодена од противвоздушна ракета. Тоа јасно се гледа на видеото“, додаваат тие.

„Очигледно, за време на одбивањето на ноќниот ракетен напад врз воената инфраструктура на Украина, дошло до дефект во системот за водење на проектили на украинскиот систем за противвоздушна одбрана со среден дострел Бук-М1, а проектилот го погодил аголот на станбена зграда“, додаде изворот.

Си-Ен-Ен независно се обрати до руското Министерство за одбрана за одговор, но сè уште не го добиле.

To Top