Македонија

Мицкоски-Лаин: Интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е клучна за раст на животниот стандард

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лаин.

Како што соопштија од партијата, соговорниците се согласиле дека интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е клучна за раст на животниот стандард на граѓаните, како и реформските процеси во правосудството, здравството и образованието и целокупен развој на државата.

„На средбата се разговараше и за актуелните политички случувања во Македонија и за претстојниот референдум. Мицкоски потенцира дека договорот со Грција е неприфатлив бидејќи е спротивен на начелата и принципите на партијата, а во иднина ќе претставува и правен механизам за блокада на интеграцијата на Македонија во Европската Унија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го реафирмира ставот дека граѓаните имаат доволна политичка зрелост и достоинство самите да одлучат како ќе постапат на денот на референдумот“, се вели во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток