Македонија

Растечките тензии на Балканот тема на разговорот меѓу Путин и Вучиќ

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека растечките тензии на Балканот ќе бидат една од темите на претстојниот разговор меѓу рускиот и српскиот претседател, Владимир Путин и Александар Вучиќ, иако, додаде тој, посетата на српскиот претседател на Москва не е директно поврзана со ова прашање.

„Средбата беше планирана пред неколку месеци, па затоа нејзината реализација не е поврзана со порастот на тензиите во регионот“, рече Песков во Москва, а пренесе агенцијата „Тасс“.

Тој нагласи дека народите на двете земји ги поврзува заедничка историја, пријателски чувства и многу широки трговско-економски врски.

„Се разбира, растечката тензија на Балканот ќе биде на дневен ред на разговорите кои, повторувам, беа испланирани пред неколку месеци“, истакна Песков.

Вучиќ е во работна посета на Русија, а со Путин ќе разговара во текот на утрешниот ден.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток