Актуелно

(ФОТО) Украинец се прости на Редит: Цел живот сум кукавица, не сакам да бегам

Во Украина на сила е општа мобилизација, мажите на возраст од 18 до 60 години не смеат да ја напуштат земјата. Еден корисник на Редит напиша објава во која се збогува со другите корисници и се пријавува на војската.

“Претпоставувам дека тоа е тоа. Сирените завиваат. Не можев да избегам од моите проблеми колку и да се обидував. Живеев низ сите овие години на страдање и депресија за да го доживеам ова. Сепак, не сакам да бегам. Зошто би. Цел живот бев кукавица, но ова е лично.

Денес со пријателот пијам алкохол за да заборавам што се случува барем уште еден ден. После тоа, како што најавив, одам во војска. Ако некогаш се вратам на Редит – ќе се вратам или како херој или како кукавица без карактер. Збогум на сите“, напиша корисникот на Редит. Објавата е направена пред три дена, а коментарите под оригиналната објава се полни со поддршка за анонимниот Украинец.

На почеток