Македонија

Морбилите можат да бидат смртоносни, вакцините единствена превенција од заразување

Вакцинирањето против морбили во Македонија започнало во 1972 година, кога е воведена како редовна заштита за децата од 13-месечна возраст. Во 1987 била воведена ревакцина на седум-годишна возраст само со вакцина за морбили, а во 1997 година била воведена ревакцина со МРП. Недоволно заштитени има од сите генерации, меѓунив голем број деца кои воопшто не добиле вакцина. Епидемиолозите коментираат дека се смета оти голем дел од родените пред 1971 години ги прележале овие сипаници и се заштитени.

Од малите сипаници има и починати, а меѓу нив деца и бебиња.

Д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје, вели дека малите сипаници може да дадат тешка клиничка слика, како воспаление на белите дробови, воспаление на мозок, тешка дијареа и во одредени случаи и смрт.

„Од Центарот за јавно здравје добивме информација за шест заболени лица, од кои три се наоѓаат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а три се на домашно лекување. Од овие, само три се лабараторски потврдени, а во тек се наодите и за другите заболени, но клиничката слика укажува дека станува збор за мали сипаници. Сите деца кои се заразени со оваа болест не биле вакцинирани, а возрасниот пациент е со непознат вакцинален статус“, рече Микиќ за СДК.мк.

Се смета дека две дози на вакцина против мали сипаници овозмозуваат висок заштитен ефект кај вакцинираните лица и затоа и Светска здравствена организација препорачува најмалку две дози на вакцина за заштита од заболувањето. Законската и подзаконската регулатива во оваа област во Република Македонија исто така предвидуваат давање на две дози комбинирана вакцина против мали сипаници, рубеола и заразни заушки, кај децата на возраст од полни 12 месеци (прва доза) и на 6-годишна возраст (втора доза).

Се смета дека вакцинираните лица пред многу години или децении се во поголем ризик да заболат отколку лицата кои примиле една доза вакцина во последните неколку години, бидејки со тек на време можно е да настане т.н. трошење односно намалување на имунитетот, или заштитниот ефект на вакцината.

Кога ќе нападнат сипаниците, првите знаци на инфекција обично се висока температура и симптоми на настинка, како течење на носот. По неколку дена се појавува исип, обично прво на лицето и на вратот, а потоа по телото.
Малите сипаници може да се поминат многу лесно, но и да предизвикаат воспаленија и сериозни компликации, па и да бидат фатални кај организми со слаб имунитет. Тие се шират преку директен контакт и по воздух, преку кашлица и кивање. Се сметаат за лесно преносливи. Кај 20 отсто од случаите се случува воспаление на белите дробови, или морбилиозна пневмонија. Ако таа не се лекува навреме, може да се искомплицира и поради друга бактериска инфекција. Морбилите може да предизвикаат морбилиозен енцефалитис, или воспаление на мозокот.

Зошто се појавуваат морбили, иако има вакцина?

Одговорот е едноставен, бидејќи има родители кои не сакаат нивните деца да бидат вакцинирани. Неверојатно, но точно Во последниве години се јавија толку антивакцинациски пропагандисти кои доведоа да родителите имаат страв од вакцинација на своите деца. Се разбира дека тоа анатемизирање на овој процес доведе да Македонија биде вратена наназад во времето место да одиме напред. Но според сето онаа што го докажаа светските студии воопшто нема никаква потреба од стравување од вакцинацискиот процес.
Како се препознаваат сипаниците?

До пред неколку децении, ова беше многу распространета заразна болест, но сега ретко се гледа. Високата температура, карактеристичниот осип на кожата и карактеристичниот израз на лицето на детето како пластична маска брзо доведуваат до дијагноза. Нормална е консултација со инфектолог и доколку се потребни додатни испитувања, но сепак искуството кажува и обично ја потврдува дијагнозата.

Каква е моменталната состојба?

Епидемијата во градинката во Радишани минатата недела ги крена на нозе првите луѓе во здравството. Тие итно, за три дена ги прочешлале сите картони во здравствените домови.

Во меѓувреме бројката на заразени во Радишани се зголеми за уште едно дете кое било во контакт со некое од болните. Наспроти тоа, отпорот кон вакцини останува речиси ист кај родителите кои досега не ги однеле децата да ја примат дозата. Само 12 од над 60 деца од градинката се вонредно вакцинирани, по епидемијата која зафати 6 деца и еден возрасен.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток