(Фото) Како да изгледа грбот на Македонија, а што со химната?
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2025/02/adgf.jpg)
Државниот грб на Македонија, обележје кое опстојува 79 години, на пат да биде сменет. Но неговата промена, носи и нови барања. Па така, претседателот на Движењето Беса кое е дел од коалицијата „Вреди“, Билал Касами, денеска изјави дека поддржува секакви промени на Уставот, кои, како што вели, предвидуваат менување на државните симболи поврзани со минатиот општествено-политички систем. Тој порача да се смени химната, став кој го дели и Зијадин Села од Алијанса на Албанците. Од Вреди сметаат дека химната не ја одразува реалноста.
Не е познато дали на маса е графичкото решение за нов грб, предложено во 2014 година, или ќе се оди на нов изглед на грбот. Не е познато ниту дали промената ќе ја зафати и државната химна или, пак, некои други одредби во Уставот.
Потегот за промена на државниот грб, донесе револт, кој беше искажан и низ сатира.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-13-at-17.56.59.jpg)
Screenshot
Дали лав на златна позадина ќе биде новиот грб на Македонија?
Премиерот Христијан Мицкоски вчера потврди дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ го отвориле прашање за промена на државниот грб.
„Ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што се уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации“, рече тој.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)