Свет

Советот на ЕУ гласаше за исклучување на некои руски банки од SWIFT

Советот на Европската унија во вторникот гласаше за санкционирање на исклучувањето на некои руски банки од системот SWIFT, се наведува на официјалниот Твитер профил на француското претседателство со Советот на ЕУ.

Состанокот на амбасадорите на земјите-членки на Унијата резултираше и со гласање за забраната за емитување на руските медиуми Спутник и РТ во Европската унија.

Европската унија, Соединетите Американски Држави, Франција, Германија, Италија, Канада и Велика Британија се согласија во саботата да осигураат дека избраните руски банки ќе бидат отстранети од SWIFT за да ја оштетат нивната способност за бизнис на глобално ниво.

На почеток