(ВИДЕО) Украина: Го ракетираа Житомир и убија четири лица, меѓу кои и едно дете
Четири лица загинаа во вторникот кога руски ракети погодија куќи во украинскиот град Житомир, иако целта беше соседниот аеродром, изјави советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко.
Според него, станбена зграда во близина на базата на 95-та воздушна бригада во Житомир, 120 километри западно од Киев, се запалила.
„Досега се убиени четири лица, вклучително и едно дете“, рече тој.
Москва во вторник ги предупреди жителите на главниот град на Украина, Киев, да ги напуштат своите домови и истрела ракети врз градот Харков.
Украинскиот министер за здравство Виктор Лијашко на својот Фејсбук профил напиша дека руските сили убиле педијатриски анестезиолог кога нејзиниот автомобил бил удрен додека го возела нејзиниот ранет внук во болница во селото Кухари, во регионот на Киев.
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека во понеделникот во периодот од 19:07 до 19:51 часот врз станбени делови на Харков биле истрелани вкупно 16 проектили со висока прецизност.
4 big booms in quick succession close to me. #Russia is now bombing or shelling a quiet residential neighborhood of #Kyiv.
— Paul Niland (@PaulNiland) March 1, 2022
Після удару крилатою ракетою Калібр по базі 95-ї Бригади в Житомирі горять житлові будинки. Рятувальники рятують тих, кого можна врятувати. pic.twitter.com/IdXkHVKUp5
— … sanych (@DreamySancho) March 1, 2022
❗️Оперативна Інформація щодо російського вторгнення#Житомир: наслідки російського авіанальоту
Пошкоджені житлові будинки, приватний сектор. Рятувальники розбирають завали та ліквідовують пожежу.
Інформація щодо руйнувань та постраждалих уточнюється.#stoprussia pic.twitter.com/N4JWS4qOoT
— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) March 1, 2022