Разрешен е директорот кој ја ангажираше жена му Дунафка Трифуновска

Од
Објавено на

Владата го разреши Ване Цветанов по информациите за ангажирањето на сопствената сопруга, објави 24 Инфо.
Според извори на редакцијата во Владата, на денешната владина седница, Ване Цветанов бил разрешен од раководната позиција во Советот за унапредување и надзор на ревизијата.
Разрешувањето доаѓа брзо по информациите во јавноста дека Цветанов, како Претседател на оваа државната институција, ја ангажирал сопствената жена, манекенката Дунавка Трифуновска да му помага во работењето.
Очекуваме и официјална потврда од Владата, по завршување на седницата.
