Свет

Американски воен авион се урна во Норвешка, загинаа четири лица

Во несреќа на американски воен авион синоќа во северна Норвешка загинаа четири лица, соопшти локалната полиција.

Авион MV-22B Osprey на маринцискиот корпус на САД со четири лица учествувал во воената вежба „Ладна реакција“ кога се урна.

Спасувачките служби рано утринава по копнен пат пристигнаа на местото на несреќата, откако хеликоптерите не можеа да слетаат поради лошите временски услови.

„Полицијата пристигна на местото на несреќата околу 1:30 часот. За жал, потврдено е дека сите четири лица во авионот загинале“, изјави Ивар Бо Нилсон, еден од началниците на локалната полиција.

Се верува дека сите државјани на САД се убиени, соопшти полицијата. Причината за несреќата се истражува, а истрагата е отежната поради лошите временски услови.

На почеток